Левица повика на бојкот на Референдум

Левица денеска ги повика граѓаните на бојкот на референдумот, кој ќе се одржи на 30-ти септември. Како што додаваат од партијата, граѓаните треба да ја спречат власта да владее понатаму, бидејќи како што велат, истата не е легитимна.

Сепак, прес конференцијата падна во сенка во однос на просторот каде истата се одржуваше. Најверојатно станува збор за мала кујна, каде се продава пиво за 60 денари, а кафе и чај за 20 денари.