(ВИДЕО) Во Русија уапсен припадник на ИД кој работел за разузнавањето на Украина

Во Смоленската област, на крајниот запад на европскиот дел од Русија, припадниците на Федералната служба за безбедност (ФСБ) уапсиле припадник на џихдистичката организација Исламска држава (ИД) кој по наредба и со помош на Службата за безбедност на Украина (СБУ) и неонацистичкото движење Десен сектор планирале убиство на еден од челниците на бунтовнциите во рускојазичните источноукраински региони, соопштено е во понеделникот.

Претставникот на џихдистичката група потекнувал од Дагестан и е идентификуван како Меџид Магомедов Хабибулович. Во текот на сослушувањето тој изјавил дека украинските тајни служби ги снабдуваат припадниците на Исламската држава со информации и оружје, пренесува агенцијата РИА. На почететокот од годинава Могамедов престојувал во Украина за „да ги реши прашањата со емисарите на Исламската држава“ за снабдување на севернокавкаските исламистички и џихадистички групи со „ресурси“.

„Тие го запознале со припадници на СБУ и на Десниот сектор. Могамедов добил од прпадници на украинските специјални служб задача да ликвидиа еде од командантоте на едицините на Вооружените сили на (непризнаетата) Донецка Народна Република“, се наведува уште во соопштението на руското ФСБ/

Се истакнува дека за убиството на неименуваниот бунтовнички комапндант во СБУ на џихадистот му ветиле 10.000 долари. Могамдов бил уапсен додека се подготвувал да го изведе атентатот. Кај него била најдена импровизирана експлозивна направа со моќност еквивалентна на половина килограм тротил, пиштол со придушувач и муниција.

Во текот на сослушувањето, исто така, приведениот џихадист изјавил дека тајните служби на Украина „обезбедуваат активна помош на борците на Исламската држава“, односно финансираат и обебедуваат оружје и експлозиви за организирање терористички напади во Русија. Служби Од ФСБ истакнале дека укранските служби ги користат џихадистите и „за организирање на елиминирања“ на челниците на двата југоисточни доминантно руско и рускојазични региона Донецк и Луганск, познати како областа Донбас.

За врските меѓу прозападни и неофашистички политички сили во Украина, кои ги поддржува Западот и исламистичките бунтовници во кавкаските руски републики медиумите известуваа и порано. Според бројни сведоци многу Украинци припадници на споменатите движења и партии учествувале и во крвавата војна во 1990-те во Чеченија. Така,

Така во септември 2015 година беше објавено дека руската истрага утврдила дека актуелниот прозападен премиер на Украина, Арсениј Јаценјук, во средината на 1990-те се борел против руските сили како дел од казнена експедиција во Чеченија. Тогаш челникот на Истражната комисија на Русија, Александар Бастрикин во интервјуто за Рускаја газета кажа дека голем број од сегашните украински функционери се обвинети за учество во злосторства извршени врз припадниците на руските воени и полициски сили во операциите проти терористичките групи на територијата ја кавкаската мнозински муслиманска република Чеченија во периодот 1994/1995 година.

„Истрагата, исто така, утврди дека во споменатите години како дел од казнените одреди ‘Арго’ и ‘Викинг’, раководени Александр Музичко (водач на украинските ултранационалистички групи кој беше ликвидиран во Украина во судир со полицијата откако власта во 2013-та ја преземаа прозападните сили) против руските војници, учествувал Арсениј Јаценјук“, тврди Бастрикин.

Според истрагата, Јаценјук учествувал во најмалку два судира кои се случиле во чеченската престолнина Грозни, на 31-ви декември 1994-та, на плоштад во градот и во февруари 1995 година во напад врз болница. Јаценјук, исто така, според истрагата, учествувал во измачувања и егзекуции на заробените руски војници во Октомвриската област на Грозни на 7-ми јануари 1995 година.

„Според нашите информации, Јаценјук заедно со другите припадници на УНА-УНСО (Украинско национално собрание – Украинска национална самоодбрана, профашистички организации кои соработувале со нацистичките власти во текот на Втората светска војна), во декември 1995 година бил награден со највисоката награда од Џохар Дудаев за уништување на руските војници“, рче натаму Бастрикин.

Вели и дека соборците Јанценјук го опишале како образован, паметен, но притоа итар и превртлив, и оти од рана возраст се стремел кон власт и публицитет. Според Бастрикин, во почетокот на 1995 година Јаценјук со група новинари преку Грузија се вратил во Украина, а потоа честопати бил присутен на настани организирани од украинските националисти.