Без вода гимназијата „Јосип Броз Тито“

Од Центарот за управување со кризи информираат дека денеска без вода ќе биде центарот на Скопје.

Од ЈП Водовод и канализација е добиено известување дека заради дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 300 милиметри на улицата  Димитрие Чупоски бб (пред „Просветно Дело“), на ден 11.09.2018 година, без водоснабдување од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од истата улица на потегот од гимназијата „Јосип Броз Тито“ до улицата Никола Вапцаров, велат од ЦУК.