
Како и изминатиов период, така и во вторникот вечерта во Делчево, на владејачките социјалдемократи грашаните и испратија порака дека не ги поддржуваат ваквите нивни политики.
Граѓаните не сакаат да ги слушнат говорите на Зоран Заев и на неговите сопартијци колеги кои се обидуваат да ги натераат да поддржат промена на уставното име. По фотографиите што беа испратени до редакцијата на Курир може да се забележи слабата поддршка од граѓаните.
Само околу двесте граѓани, главно партиски фунцкионери со потесните и пошироки семејства, дојдоа на презентација на договорот со Грција којашто во понеделникот вечерта во Берово ја одржуваше премиерот Зоран Заев, откако и претходните средби со граѓаните на оваа тема минаа без речиси никаков прием
Минатиот викен ниту во Берово немаше поддршка за договорот кој СДСМ го потпиша со Грција, од страна на граѓаните и опозицијата наречен капитулантски договор. Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев отиде во Берово да води кампања за референдумот, убедувајќи ги граѓаните да гласаат „ЗА“ промена на уставното име на Република Македонија.
Претходно истата слика беше забележана и саботата во Дојран, каде што Заев го покажуваше паркингот на кој со грчкиот колега Алексис Ципрас „е постигнат договор за признавање на македонскиот јазик“.
Mал интерес од страна на граѓаните за убедувањата на Заев имаше неколку часа порано во Валандово. На трибината на која говореше премиерот на државата, имаше околу стотина луѓе.
Во петокот вечерта, пак, владејачката СДСМ во најголемиот град на истокот од земјата Штип беше принудена со автобуси од Струмица, Пробиштип и Македонски Брод да носи привраници затоа што само околу 500-ини штипјани излегао на централниот плоштад да го слушнат убедувањето на Заев.