
Американскиот претседател Доналд Трамп добил „многу топло и позитивно писмо“ од севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во кое тој наведува дека сака да организира „нова нивна средба“, соопшти Белата куќа.
Ние сме отворени за тоа и веќе се координираме за тој самит кој би бил втор по историската средба на 12 јуни во Сингапур“, изјави портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс. Таа оцени дека воената парада во Пјонгјанг без интерконтинентални ракети била знак на доверба во процесот за денуклеаризација на Северна Кореја. Според советникот за национална безбедност Џон Болтон, до средбата би можело да дојде до крајот на годинава.