
Премиерот Зоран Заев вчера од Велес посочи дека потребно е некој од ЕУ и НАТО, кој ќе ја потсредел владата почнувајќи од него на чело, па надолу со сите.
– Ни треба камшикар, ни треба некој од ЕУ и НАТО да дојде овде и малку да не потсреди, сите од мене на чело, па надоле сите. Затоа што мора да има европски ред и поредок, мора да има европски правила, тоа е нешто кое што сакаме и тежнееме да го постигнеме, рече Заев вчера во Велес.
Доколку одреден политичар признава дека е неспособен и нема работни манири, па му треба некој со камшик кој ќе виси над него и ќе му кажува што треба, а што не треба да прави, тоа покажува дека истиот нема капацитет самостојно да управува, и дека неговиот капацитет е само да извршува тоа што некој друг ќе му го нареди, а притоа тој некој постојано да го набљудува дали нема да згреши во тоа што му е зададено како задача.
Заев буквално со оваа изјава признава дека оваа влада на чело со него нема капацитет да ја води државата.