Времен сообраќаен режим во Илинден

Од Општина Илинден информираат дека денеска ќе има посебен сообраќаен режим во општината поради санација на железнички премин.

Ве известуваме дека на ден 11.09.2018 во период од 9 до 14 часот на територија на Општина Илинден од страна на Македонски Железници АД Скопје ќе се изврши санација на премин преку железничка пруга. Санацијата ќе се изврши на железничкиот премин во населеното место Илинден, конкретно место викано Плац.За време на санацијата на железничкиот премин сообраќајот ќе се одвива со посебен режим обележан со сообраќајна сигнализација. Информацијата за пренасочување на сообраќајот за автобусите на ЈСП Скопје ќе биде објавена и на официјалната страна на ЈСП Скопје http://www.jsp.com.mk/, информираат од Општината.