Да го потпишеме мировниот договор без предуслови

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на јапонскиот премиер Шинзо Абе му понудил да потпишат мировен договор меѓу двете земји до крајот на годината.

Русија и Јапонија се во спор околу синџир на пацифички острови и поради тоа официјално не потпишаа мировен договор по Втората светска војна.
Само што ми падна една идеја на ум. Ајде да ја заклучиме мировната спогодба до крајот на годината, без никакви предуслови, му рекол Путин на Абе додека одговарал на прашања на економскиот форум во Владивосток.

Абе не му одговорил на Путин.