
Претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весељи денеска од Тирана ги повика на единство сите политички партии на Албанците во одбрана на, како што рече, косовската независност и суверенитет и да се спречи создавањето на Република Српска во Косово.
Весељи ова го рече по разговорите со поранешниот албански премиер Сали Бериша.
Косово е независна и суверена држава. Никој не може да им наштети на Косово и да изгради Република Српска во Косово, ако сме и во опозиција ние сме заедно. Ова е пораката што сакаме да ја споделиме со сите. Ни треба единство. Пораката е за опозицијата во Косово дека мора да бидат заедно во големото финале, рече Весељи, пренесува порталот „Косовапрес“.
Бериша го поздрави дијалогот меѓу Белград и Приштина, истакнувајќи дека тоа е од големо значење за целиот регион, но, ја искористи можноста да ја осуди посетата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Косово, минатиот викенд.