
Околу 50 пратеници од Конзервативната партија кои се противат на планот за Брегзит на британската премиерка Тереза Меј се состанале за да разговараат за тоа како и кога можат да ја принудат да се повлече од функцијата, објави денеска ББЦ .
Пратениците, членови на Европската истражувачка група (ЕРГ), анти-ЕУ групацијата во Конзервативната партија на Тереза Меј, се состанале минатата ноќ за да разговараат за иднината на премиерката како лидер на партијата. Одреден број пратеници на состанокот рекле дека веќе ги предале псмата за изгласувње недоверба на Меј, тврди изворот на ББЦ.
Според правилата на конзервативците, изборите за лидер можат да почнат ако 15 отсто од пратениците на таа партија бараат гласање за недоверба на актуелниот водач.
ЕРГ ги осуди плановите на Меј Британија да остане во зоната на слободна трговија со ЕУ, по напуштањето на блокот на крајот од март следната година, но и самата група се соочи со критики бидејќи не понуди конкретна алтернатива.