
Ибрахим Али, 28-годишен мигрант од Сирија кој доби азил во Канада, е уапсен и обвинет за убиство на 13-годишното девојче Мариса Шен. Шен исчезна на 18 јули минатата година, а нејзиното тело беше пронајдено следното утро во Централ Парк во Барнаби, источно од Ванкувер, во провинцијата Британска Колумбија. Полицијата не открила како била убиена и дали била сексуално нападната.
Али беше уапсен во петокот во Барнаби, а дошол во Канада како барател на азил пред 17 месеци, што значи дека го извршил убиството само неколку месеци откако Канада му обезбедил засолниште од војната. Осомничениот убиец нема криминално досие, а полицијата го осомничила пред само две недели.
Полицијата не открива кои траги ги довеле до Али. Тие само коментираа дека тоаа се должи на „кулминацијата на многу работи“. Тие не веруваат дека убиецот и убиената девојка се познавале.
Сè уште веруваме дека злосторството било случајно дело. Што се однесува до мотивот, не можам да разговарам за оваа тема поради заштита на престојниот судски процес, изјави претпоставената од истражниот тим од Ванкувер, Дона Ричардсон.
Ова е инаку најголема истрага во изминативе 15 години од постоењето на наведениот полициски сектор. Беа спроведени повеќе од 600 испитувања и беа прегледани над илјада часа снимки од камери за надзор.
Ричардсон рече дека се надева оти ова нема да предизвика негативна реакција кон бегалците.
Мигрантите кои доаѓаат во земјата, по правило, се вредни луѓе кои се среќни оти се во Канада и се надевам дека ќе се гледа на овој инцидент како на она што е, единствен случај, рече таа.