Ексдиректорката на МПМ Јана Станисављева на распит во СЈО

На распит во Специјалното јавно обвинителство дојде Јана Станисављева, поранешната директорка на пропаднатата компанија „Медиа принт Македонија“ (МПМ), во чиј склоп беа згаснатите дневни весници „Вест“, „Дневник“ и „Утрински“ и магазинот „Теа Модерна“.

Станисављева, дознаваме, е повикана во својство на осомничена за лажен стечај, за злоупотреби на средства на доверители во износ од неколку милиони евра и за други дела.

Таа влезе со адвокатот Антонио Апостолски и не сакаше да даде изјава.

По неа, околу пладне треба да пристигне вториот осомничен, ексдиректор на МПМ Срѓан Керим. И тој како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК е осомничен за истите кривични дела.