
Најмалку три лица се повредени од одрон на карпа на популарната плажа на островот Закинтос, објавија грчките власти. Меѓу повредените била е една странска туристка која според официјалните претставници на крајбрежната стража била пренесена во локалната болница. Припадниците на крајбрежната служба исто така бараат исчезнати лица, објавија грчките медиуми.
Се одронал дел од карпата од висина на 200 метри на плажата Наваџио (shipwreck beach), која е достапна само по морски пат. Таа е една од главните атракции на островот заради природата и старите остатоци од насукан шверцерски брод кој тука се заринкал и според кој плажата и го добила своето име.
https://twitter.com/twitter/statuses/1040200931990749184
Локалните медиуми ги пренесоа изјавите на сведоците кои велат дека голема карпа паднала во морето и создала голем бран, кој, според сведоците, потопиле најмалку три помали брода.
Грчките власти најавија дека веднаш се испратени спасувачки тимови на пожарникари и кучиња трагачи. Тимовите се обидуваат да утврдат дали има исчезнати. Пожарникарската служба извести дека испратиле 18 спасувачи и едно куче трагач додека една екипа од уште девет спасувачи биле испратени со хеликоптер.
По нивните наводи, плажата е евакуирана и на бродовите им е забранет влезот во заливот на неодредено време.