
Лицемерно е Зоран Заев, човекот што бега од дебата да зборува за европски вредности. Дебатата е највисок дострел на демократијата, фактот што Заев бега е доказ дека истиот е лажен демократ, но и дека нема аргументи да го одбрани капитулантскиот договор со Грција, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев во ЕП.
-Дрско и безобразно е да се зборува за европски вредности од Европскиот парламент, а во суштина во сопствена држава да правиш криминал, поддржуваш непотизам и пропагираш подмитување на гласачи како нормална пракса. Заев ја лаже цела ЕУ. Заев треба да и каже дека откако е дојден на власт државата тоне во криминал, се вели во реакцијата.
Од партијава наведуваат дека Заев лаже во Европскиот парламент бидејќи:
– Барање мито по принципот „Едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ за да изврши работа која е должен да ја изврши е криминал, а не европска вредност.
– Закани на градоначалник кон учителки, родители и деца е криминал, а не е европска вредност.
– Давање тендери од ќерка директор на татко бизнисмен е судир на интереси, а не европска вредност.
– Доделување милионска набавка на возила за МВР на фирма финансиер на СДСМ е криминал, а не европска вредност.
– Давање милионски бизнис на ново формирани фирми од страна на луѓе блиски до власта, декласирајќи фирми со децениско искуство, фрла сомнеж за криминал и не е европска вредност.
Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Заев го руши угледот на ЕУ во Република Македонија.
-Заев ја злоупотребува евтоатлантската интеграција на државата за правдање на штетниот и капитулантски договор со Грција. Граѓаните се за ЕУ и НАТО, но не и за штетниот договор со Грција. Заев треба да престане да манипулира и лаже. Заев треба да си замине пред последиците од неговото штетно владеење да бидат ненадоместливи по иднината на државата, се наведува во соопштението од партијата.