Џабари Бирд обвинет за семејно насилство

Кошаркарот на „Бостон Селтикс“, Џабари Бирд е уапсен за семејно насилство и напад врз сопругата. Бирд ја киднапирал, ја давел, ја удирал во стомакот, ја фрлил во ѕидот и ја спречил да ја напушти собата.

Бирд беше 56 пик на драфтот лани и одигра 12 натпревари во првата сезона за „Селтикс“. Ако се докаже дека е виновен за деталите содржани во обвинението, мала е веројатноста дека ќе може да ја продолжи кариерата во НБА.

Најважно е дека нашите мисли се со жртвата на овој инцидент. „Бостон Селтикс“ го осудува семејното насилство од секаков вид и ние сме многу вознемирени поради обвиненијата што го товарат Џабари Бирд. Понатамошните чекори ги презема Лигата, а не клубот, а „Селтикс“ ќе работат со Лигата и локалните власти за да ја завршат истрагата. Тимот нема понатамошни коментари на оваа тема, се вели во изјавата на „Селтикс“.