
Актуелната власт секојдневно ги разочарува граѓаните и поради тоа нема да трае долго, изјави во петокот Владимир Ѓорчев во Виница на масовен собир со приврзаниците и поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ, но и неопределени гласачи кои не се согласуваат со политиките на актуелната власт.
Ѓорчев при посетата на Виница посочи дека оваа власт од ден во ден се повеќе го разочарува народот и токму поради тоа владеењето на СДСМ нема да трае долго.
Потенцираше дека покрај незадоволството на граѓаните од договорот со Грција за промена на името, граѓаните не се задоволни од економијата и кадровските промашувања. Проекти нема, вели Ѓорчев споменувајќи ја катастрофалната реализација на капиталните инвестиции и секојдневното задолжување, без да знаеме за што се трошат парите.
Разочарувањето кај граѓаните од лошите политики на власта на СДСМ е огромно. Тоа го покажуваат и последните анкети кои покажуваат дека рејтингот на опозицијата вртоглаво расте, а на СДСМ се намалува. Ова е евидентно и од собирите кои ги организира власта и ВМРО-ДПМНЕ. Од ден во ден гледаме се поголем број на граѓани на партиските собири на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, додека на владините собири гледаме само фијаско, рече Ѓорчев.