Милошоски: Устав продава само купен политичар!

Устав се менува само во вонредна и воена состојба, никој не менува Устав во мирнодропски услови. Ниту една политичка гарнитура не говорела за промена на Уставот на Република Македонија. За прв пат не само што се зборува, туку и се оди во насока да го смени, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски гостувајќи на телевизија 24.

„Устав продава само купен политичар“, посочи Милошоски во дуелот со пратеничката од владејачката СДСМ, Фросина Ременски, и посочи зошто отворно рече дека ќе го бојкотира претстојниот референдум за промена на уставното име.

Според него, ниту ниеден пратеник не е изгласан да го смени Уставот.

„Никој не нé гласал за да го смениме Уставот, и не смееме да го направиме тоа“, потенцираше поранешниот министер за надворепни работи Милошоски во една од ретките можности кога соговорничката му овозможуваше да говори.

Актуелната власт, рече уште Милошоски, знае дека нема да успее референдумот затоа одлучи референдумот да биде консултативен.