Претепан малолетник кај „АСУЦ“

На 14. 09. 2018 година во 11:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Д.П. (38) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 09:45 часот во близина на средното училиште „Боро Петрушевски“, неговиот 15-годишен син физички бил нападнат од страна на неколку малолетни лица.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.