
Штотуку завршив со средбата на граѓани во Пехчево. Остварив средби со десетици и десетици граѓани и никаде не видов непријатели, иако Заев изјавува и ги дели граѓаните на непријатели и оние кои биле пријатели. Единствениот непријател на државата е токму Зоран Заев кој на маса донесе капитулантски договор со Грција со кој сака да се добие понижена Македонија, со одземен идентитет, име, историја, човек кој остава пустош и сиромаштија, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-Година ипол се на власт и нема веќе никакво оправдување за немањето на резултати во ниту една сфера и област. Ветуваа живот, сега ветуваат иднина, ниту граѓаните живот добија, ниту иднина ќе дојде, и не е проблемот само во договорот со Грција, проблемот се овие луѓе со кои Македонија губи и доживува порази. На Македонија и требаат победи. Во Македонија не треба ниту камшици за народот, ниту граѓаните се непријатели, потребна е сигурност и зачувување на достоинството, и лидерство осмовано на принципи. Само така ќе одиме напред и Македонија ќе победи!, додава Мицкоски.