
Владиниот службеник Љупчо „Бубо“ Каров, своевремено дел од легендарната К-15 екипа, а во последно време голем поддржувач на сите политики на Зоран Заев и СДСМ кои му заработија и советничко место во Владата на Заев, во гостување во отвореното студио на 1 ТВ се обиде да ја оправда промената на името како „нормална во 21 век“ давајќи пример со кој сам себеси се негираше во иста реченица, објави „Република“.
„Со додавка на името не се губи идентитетот“, рече Каров и веднаш потоа „дообјасни“: „Јас имам додавка на моето име и никој не знае кој е Љупчо Каров, а сите знаат кој е Бубо“.
Што да каже човек кога ќе види некогаш брилијантни комедијанти како сега прават комедија од себе со вакви харикири потези, обидувајќи се да го одбранат она што не се брани, освен – да не беше трагично, ќе беше можеби сеуште – комично.
Целиот „брилијантен“ став на Каров:
-Мислам дека луѓево не сфаќаат доволно, а не сфаќаат заради тоа што со нив нивните да речам партии не работеле доволно за да ги подготват за да гледаат низ реален диоптер, а не со искривен диоптер. И за тоа им е многу тешко на многу луѓе сега да прифатат дека го губиме името, дека губиме идентитет или не знам што со тоа што ќе ја ставиме додавката на името.
Јас имам додавка на името, јас сум Љупчо Каров, имам додавка на името Бубо, ако прашате кој е Љупчо Каров 90% ќе ви кажат не го знаат кој е, а Бубо Каров го знаат сите.
Значи споредбата можеби не е соодветна меѓутоа како пример сакам да го кажам тоа дека една додавка не може да ти направи промена на идентитетот ако ти си сигурен во тоа што си и ти си секогаш тоа што ќе кажеш ти дека си, а тоа што технички че мораш некогаш да направиш некоа отстапка да направиш некој компромис, тоа е многу нормална работа посебно во 21 век.