Апелациониот суд го потврди планот за реорганизација на ТЕ-ТО АД Скопје

Апелациониот суд во Скопје го потврди планот за реорганизација на Друштвото за производство на електрична и топлинска енегија ТЕ-ТО АД Скопје со што компанијата продолжува со нормалните планирани работни активности.

Согласно оваа одлука, ТЕ-ТО АД Скопје ќе продолжи да испорачува топлинска и електрична енергија и со сите други редовни активности, а сите вработени во компанијата ќе останат во редовен работен однос и редовни примања согласно законот.

ТЕ-ТО АД Скопје е една од најголемите гринфилд инвестиции во Македонија и работи согласно највисоките стандарди во енергетиката и екологијата.