Мицковски: Ова е криминогена, коруптивна и клиентелистичка демократура

Приметив Ристиќ сте ја апселе, ќе сте ја праќале во лудница. Брат ми и други активисти со багери ќе ги газевте на Водно. И некој може да е изненаден, ама не и јас од ваквото однесување. Дефиницијата за вас е донесена и е прејасна.

Ова е и ќе биде во иднина, криминогена, коруптивна и клиентелистичка демократура.

Еден вид и на убава држава за сите полтрони, насмеани, среќни луѓе, кои погледот околу колективното им се движи отприлика докај носот или најдалеку, докај мевот.

И нека се лаже народ со оваа европска и мултиетничка нарација. Не дека поединци од влада не веруваат во неа, или не ја разбираат, ама клучна е конјуктурата, дека тоа на Западот му одговара и вие јахате на таа карта.

Но, кога сме кај вистинските промени дома, кај вистинскиот етос, кај вистинското постоење на европски, критички и самосвесни граѓани кои се инволвираат политички, имаат став, или делуваат како ваш коректор, ете како се паѓа во вода и целиот ваш конструкт се растура, и излага вистинското лице. Вие секогаш ќе имате демек виши цели и оправдувања, за вашето тотално освојување на секој аспект и поединец од ова општество, и за вашето селективно спроведување на правдата, била правна или социјална, реформите, искористување на бенефиции и злоупотреби.

Ристиќ и сличните ви се проблем, вам и на вашите служби, полицајци или багеристи. Секому кому сте делегирале сила, реагира шизофренично и насилно, затоа што не е дел од вашиот параван, него е спроведувач на вашата реална моќ. Вас ве дестабилизираат и вадат од колосек, мали групи на свесни и посветени граѓани, и тоа е добро, ве разголуваат најдобрите во општеството, оние без претензија да бидат најдобри, едноставно што се такви, по човечност и благост, затоа што ја покажуваат сета ваша неспособност, ја откриваат превработеноста, непотизмот во институциите, суетата на партискиот чиновник кој не може да поднесе да биде јавно посочен како полтрон, и посрамотен за својата некомпетентост и недостаток на свест, па некаде и некому реагирал.

Би можел до утре, ама нема поента. Вашите апологети и заслепениот народ нема да имаат разбирање, вие уште помалку, едноставно како што реков, ова е чист идиотизам, и со него нема расправање.

Е сега, забрзано преоѓа во зло, и кога како таков ќе биде констатиран, е тогаш тек ќе имаме проблем, вие ќе имате проблем.

(ФБ статус на Ивор Мицковски)