
Фудбалерите на Гирона на свој терен ја совладаа Селта Виког со 3:2 во последниот натпревар од четвртото коло на шпанското првенство.
Стиуани во 22 минута го донесе првото водство за Гирона, а во 56 минута истиот играч зголеми на 3:1, додека за победниците гол постигна и Алкала во 37 минута. Јаго Аспас во 34 минута израмни на 11, а во 87 минута Буфал успеа само да го ублажи поразот на гостите.
По четирит кола водечката Барселона има максимални 12 бодови, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид. Селта и покрај поразот остана на третото место на табелата предводејќи ја групата од пет клубови со по седум бодови, во која сега е и Гирона на шестото место.