Исчезна 15 годишно девојче од Радовиш

На 17.09.2018 година во 10,20 часот во Полициска станица Радовиш, И.А.(52) од село Калаузлија, радовишко, пријавил дека на 15.08.2018 година околу 16,00 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата 15 годишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.