
Седум голови беа постигнати во првите два денешни натпревари од Лигата на шампионите кои се одиграа во групите „Е“ и „Ф“. Во Амстердам „Ајакс“ убедливо со 3:0 го победи „Аек“Атина, а „Шахтор Донецк“ и „Хофенхајм“ ремизираа со 2:2.
Во премиерниот натпревар од групата „Ф“ во Харков, „Шахтор“ два пати се враќаше во игра и успеа да освои бод на домашен терен.
Гостите од Германија дојдоа до рано водство уште во 6 минута по одличната акција и двојното додавање меѓу Флоријан Грилиц и Леонардо Битенкур по кое Германецот Грилитц се најде сам пред голот на Украинците и од 11 метри го лобуваше Андриј Пјатов за водство. „Шахтор“ изедначиво 27 минута по соло акцијата на бразилскиот дефанзивец Исмаил, кој со финта го исфрли Норвежанецот Нордвеит, влезе во шеснаесетникот и со прецизен удар го матираше Оливер Бауман. Нордвеит набрзо се извади за киксот и во 38 минута по корнерот изведен од Крамариќ со глава го погоди голот на домаќините.
Во второто полувреме Украинците имаа теренска иницијатива која вроди со плод во 81 минута кога Мајкон со силен удар од 25 метри го совлада изненадениот Бауман.
Во вториот натпревар од оваа група вечерва играат „Манчестер Сити“ и „Лион“