ФОТО: Скопската калдрма Шилегов си ја ставил во вилата на Маврово?

Коцките од скопскиот плоштад и од улица Македонија, популарната калдрма, се реди во дворот на лускузната викендичка на скопскиот градоначалник, Петре Шилегов, во Маврово објавува порталот „Лидер“, повикувајќи се на сопствени извори.

„Лидер“ направи екслузивни фотографии од луксузната вила на Петре Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите кои дојдоа до нас, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштадот и од улица Македонија.

На Шилегов очигледно му недостасува старо Скопје, но наместо да го гради Скопје, тој гради во Маврово, во дворот на неговата луксузна викендичка. 

Додека скопјани скоро година дена немаат видено ниту еден проект од Шилегов, а започнатите од претходнатаа власт сеуште каскаат, Шилегов интензивно гради на своите приватни парцели. Сега гледаме зошто таткото на градот нема време за Скопје и за градските проблеми, објавува порталот.