
Состанокот на Уставниот суд за поднесените иницијативи околу оцена на уставноста на референдум и Преспанскиот договор е во тек.
Сите судии присутни во салата, а по барање на судијата Јован Јосифовски дневниот ред е сменет и Судот денеска ќе ја разгледува само точката за референдумот.
Уставната судијка, Елена Гошева рече дека има услови судот да поведе постапка за оценување на уставноста на одлуката и да се донесе временска мерка за стопирање на активностите поврзани со референдумот.
Како свои аргументи таа наведе неколку спорни елементи кои според неа се противуставни, меѓу кои дека прашањето е збунувачко, дека не може да се распише консултативен референдум за стапување во воени сојузи, дека граѓаните не може да се одлучат, на пример ДА за НАТО, НЕ за ЕУ или слично.