
Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск им порача на младите Французи дека сексот е „голем дар од Бога“, а не табу и дека треба да биде консумиран како животна, страсна љубов на мажот и жената.
Папата ја повика групата млади католици од Греноблската епархија да ја заштитат својата сексуалност од порнографија и други искушенија кои сексот го одвојуваат од љубовта.
Тој призна дека луѓето „паѓаат“ и прават гревови, но дека тоа е „објективизирана сексуалност, која нема никаква врска со љубовта“, рекол Франциск.
Според него, „сексот е дар од Бог, а не табу” и има два цели: покажување љубов и создавање живот.
Црвеното учење забранува секс пред бракот и сексуалните односи ги дозволува само меѓу жена и маж, а се спротивставува и на вештачка контрацепција.