Ќе има Брегзит без договор ако ЕУ не отстапи за ирската граница

Велика Британија ќе ја напушти Европската унија без договор ако нејзините лидери не ја омекнат својата позиција за ирската граница, изјави министерот за транспорт, Крис Грејлинг за Би-Би-Си.

Лидерите на ЕУ цврсто ја предупредија премиерката Тереза Меј дека ако не се откаже од трговските прашања и ирската граница до ноември, тие се подготвени да се справат со хаотичен излез на Велика Британија од унијата.

– Тоа што ЕУ во моментов го бара по прашањето за Северна Ирска е едноставно невозможно да се прифати од која и да е британска влада. И ако тие останат на својата позиција, едноставно нема да има договор, истакна Грејлинг.

– Сега се користи многу остaр јазик, но како и друг пат на крајот на краиштата ќе дојде до договор. Јас сум уверен дека ќе постигнеме договор, додаде тој.

 

(МИА)