
Косовскиот фудбалер Бенџамин Кололи го постигна победничкиот гол за Цирих на гостувањето кај АЕК.
26-годишниот играч за врска погоди од белата точка за победа на Цирих, а потоа сакајќи голот да го прослави со навивачите на својот тим, тој најпрвин ја прескокна оградата, а потоа падна во дупка која што ги делеше трибините и теренот.
За среќа, помина без повреди, погледнете.