
Русија се противи на обидите на Западот да ја елиминира од Балканот во решавањето на повеќегодишните спорови како што се на пример оние на Македонија, Црна Гора, српско-косовското решение или измените на Дејтонскиот договор за Босна и Херцеговина што би можело да резултира со судири, порача во петокот во Бања Лука рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Ние сме убедени дека прашањата треба да се решаваат со согласност на сите заинтерсирани народи. Недозволиви се акциите на надворешните играчи да направат вештачки избор во стилот ‘или сте со нас или сте со Руската Федерација’“, изјави на прес-конеренција шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров придружуван од претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Според агенциските извештаи, Лавров директно не ги споменал западните земји, но според нив очигледно алудирал на САД и Европската унија. Притоа потсетил дека Русија била дел од решението за постигнување мир во Босна и Херцеговина, како и од решението за Косово.
„Русија, заедно со САД и Европската унија, беше автор на Дејтонскиот мировен договор и решението на косовската криза и не гледаме ниедна причина Русија да биде тргната од сите тие работи, а Балканот да се претвори во арена за судири“, порачува Лавров.
Шефот на руската дипломатија се спротиставил и на ревизијата на Дејтонскиот мировен договор за Босна и Херцеговина, кој не би ја вклучувал согласноста на двата ентитета во земјата и трите народа – бошњачкиот, српскиот и хрватскиот.
„Руската Федерација се залага за почитување на Дејтонскиот договор и е против неговата ревизија. Секакви реформи се прифатливи само доколку се прифатливи и за двата рамноправни ентитета и трите државотворни народа“, додал Лавров.
Оценил дека Додик е приврзан на спроведувањето на Дејтонскиот мировен договор, дури и покрај тоа што САД го ставија на листата снакционирани лица тврдејќи дека го поткопува споменатиот договор.
Челникот на Република Српска, пак, ги отфрлил тврдењаа дека Русија има негативно влијание врз овој ентитет и врз Босна и Херцеговина.
„Сакам да ги отфрлам нагаѓањата за наводното лошо влијание на Руската Федерација и сакам да кажам дека Русија е пријател со кој сакаме да развиваме соработка на сите нивоа од економското, културното, но секако и политичкото“, истакнал Додик.
Пред пристигнувањето на Лавров од Сараево, беше организирана заедничка средба со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој престојуваше во Бања Лука. Била разлгедувана и можноста за одржување четиристрана средба на ниво на министерства за надворешни рабори на Русија, Турција, Србија и БиХ, но на тоа се спротиставува претедателот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, иако по слична иницијатива на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во јануари во Истанбул се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. Изетбеговиќ, како што рече, ова го изјавил за да не се нагаѓа за улогата на Русија и Турција во БиХ.
„Не сум за одржување на таква квадрилатерала, освен доколку е добро подготвена. Меѓутоа, сето друго неподготвено би отворило нагаѓања за координирано присуство на Русија и Турција, што нам во Босна и Херцеговина не ние е потребно“, изјави Изетбеговиќ во разговорот за босанскохерцеговската редакција на N1 телевзиијата.
Во разговорот тврдеше дека во текот на состанокот во Сараево Лавров отворено му порачал дека се зазема за гаснење на Канцеларијта на високиот меѓународен претставник за БиХ. На тоа, пак, како што тврди Изетбеговиќ, одговорил дека во БиХ најголемиот проблем е однесувањето на политичарите, како и дека споменатата Канцеларија се наоѓа во земјата како своевиден вид осигурување.
Изетбеговиќ, според сопственото кажување, го замолил рускиот шеф на дипломатијата и да посредува кај претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за да престанел со „сецесионистчките пораки“, како и Бошњаците да го остварат правото за употреба на сопствениот јазиј во јавните институции и училишта, како и Бања Лука да престане со одликувања на лицата осудени за воени злосторства, иако неодамна лица кои се наоѓаат на „црната листа на САД“ од Армијата на БиХ беа одликувани.