
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга до Основното јавно обвинителство Струга поднесе кривична пријава против К.Ф.(30) и Л.Н.(32) двајцата од Струга поради основано сомнеине дека сториле кривично дело недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци. На лицата им е одредена мерка притвор во времетраење до 30 дена.
На 19 септември на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Охрид – Струга од страна на Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Охрид на влезот од село Корошишта кон село Волино сопрено е патничко моторно возило „Голф“ во кое биле двете пријавени лица. По сопирањето едно од лицата излегло од возилото и започнало да трча. Од страна на полициски службеници извршено било легитимирање на лицата и била пронајдена вреќа со 13 пакувања со наркотична дрога марихуана. Извршен е преглед кај наведените лица и со потврда за привремено одземени предмети одземени се и три мобилни телефони, две сим картички и една рамка од мобилен оператор. Со лицата е извршен разговор при што првопријавениот посочил дека марихуаната ја купил од непознато лице во Р. Албанија и истата требло да ја продаде на лице во Тетово.