
Од Западнонилска треска починале 27 лица во Грција, соопшти Националниот центар за контрола и профилакса на болести.
Вкупниот број на заразени од вирусот е 234 лица. Состојбата на 183 лица е тешка.
Првпат вирусот на Западнонилската треска, кој се пренесува од комарци, во Грција се појави во 2010 година.
Многу случаи на заразени со вирусот оваа година се должи на високите температури и поројните дождови на почетокот на летото во Грција.