Рома загуби од Болоња, столчето на Ди Франческо силно се тресе

Продолжува кризата на Рома, овој пат загубија на гостувањето кај Болоња со 2-0 која ја забележа првата победа оваа сезона во Серија А.

Рома игра далеку под очекувањата оваа сезона, се чини дека се поблиску е денот кога тренерот Еузебио Ди Франческо ќе добие отказ.

Се чинеше дека Болоња е противникот против кој можат да се вратат на победите, но тоа не се случи. Тимот на Пипо Инзаги дојде до првиот триумф оваа сезона со головите на Матиело во првото полувреме и Сантандер во второто.

Пандев се врати на Олимпико, но само од клупата го следеше поразот на Џенова од Лацио од 4-1. Македонецот имаше проблеми со грбот поради што ги пропушти поголемиот број од тренинзите минатата недела, па затоа и не влезе во игра.

Гостинска победа славеше Наполи над Торино од 3-1, а на туѓ терен се радуваше и Удинезе кој го победи Киево со 2-0.