
Едно лице е посериозно повредено и е пренесено во болноца откако попладнево околу 17 часот настрада во сообраќаен инцидент меѓу мотоцикл и такси возило во централното подрачје на Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила на булеварот „Партизански одреди“ пред Универзалната сала. Според очевидци на мотоциклот се возеле две лица, а настрадал возачот. Неговиот совозач, за среќа, минал без повреди, како и возачот на такси возилото.
Во тек е увид на сообраќајната полиција.