Виршли со отров расфрлани низ Кисела Вода

Жители на Кисела Вода забележале отров во расечени виршли расфрлани на улица Марко Орешковиќ, објави Сител. Преку фотографии испратени до медиумите граѓаните алармираат на опасноста која демне од јавните површини во оваа општина.

До нашата редакција пристигнаа алармантни фотографии од загрижени граѓани за расфрлан отров во расечени виршли на улица Марко Орешковиќ во Кисела Вода, се вели во информацијата.

Во изминатиот период здружението за заштита на животни Анима Мунди предупредуваше за расфрлан отров на повеќе локации низ Скопје а беа отруени и неколку кучиња и мачиња.

По неколкумесечно притајување, повторно излегоа трујачите на животни, кои со расфрлувањето на отровот го загрозуваат и здравјето на луѓето, велат оттаму.