Јанушев: Сите кои што се чувствуваат заплашени, уценети, да знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој од вас

Апел до сите граѓани кои што се чувствуваат заплашени и уценети, испрати генералниот секретар на опозициската партија, Игор Јанушев и нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе застане позади секој граѓанин .

Како што веќе кажавме, снимајте ги, документирајте ги, пријавете ги. За многу брзо сите оние што го прават ова ќе дојде крајот. Остваривме средби со голем број на граѓани каде што како и секој ден разговаравме пред се за штетните последици кои што се очекуваат од капитулантскиот договор кој што Заев и Владата предводена од СДСМ го склучија заедно со Република Грција, изјави Јанушев по вечерашната посета на Македонска Каменица и Делчево/

Тој објасни дека при овие средби забележал дека  граѓаните се запознаени со штетните последици од истиот договор, а граѓаните покажуваат отпор и пркос. Покажуваат достоинство и образ дека на 30-ти септември со своето однесување односно со она како ќе постапат ќе покажат отпор против овој договор. А, нормално со цел зачувување на Република Македонија. Зачувување на македонскиот национален идентитет,  јазикот и се она што е македонско.