
Малолетник од село во Светиниколско е осомничен дека силувал девојче, информираше МВР.
Случајот бил пријавен вчера во Полициската станица Свети Николе.
Според пријавата, истиот ден околу 3 часот во куќа во селото 17-годишник обљубил 13-годишно девојче. По овластување на Јавен обвинител, во просториите на Центарот за социјални работи Свети Николе, во присуство на стручен тим и родител, бил извршен разговор со девојчето.
По документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена кривична пријава.