
Извршителите во Македонија се во паника, откако беше објавено кои ставки од тарифникот и за колку ќе им се намалат, и сега се во координација да свикаат состанок за заеднички став и реакција за тоа како ќе делуваат понатаму. Одноно, информациите на „Фактор“ се дека тие нема да се откажат и ќе изразат револт со аргумент дека не биле повикани да учествуваат во корењето на законските измени.
Се работи за 16 ставки за кои досега граѓаните плаќаа пресметани заедно со основниот долг, а сега тие се укинуваат, додека пред нотарите ќе бидат ослободени од судски такси и од надомест за клаузула за правосилност и извршност.