
Времето во Македонија во саботата ќе биде умерено облачно, во западните и југозападните делови претпладне со услови за локален дожд.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено попладне. УВ индексот ќе има вредност 5.
Максималните дневни температури ќе се движат од 17 Целзиусови степени во планинските западни региони до 23 степен во југозападните области, и од 22 го североисточните до 27 степени на југот во земјата.
Во Скопје и околината, како и во централните области, температурата ќе достигне до 24 Целзиусови степени.
Следните денови од УХМР очекуваат повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Во текот на наредните денови се очекува утринските и попладнавните температури да имаат тенденција на благо покачување.
Нашето подрачје се наоѓа на периферија од циклонската активност од Медитеранот, времето во наредните денови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, локално ќе има услови за слаб и краткотраен дожд. Температурата на воздухот ќе има благ пораст.