
Разликата на оние кои се пријавиле и гласале во саботата на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година и оние кои се изјасниле еден ден претходно на референдумот годинава е огромна, односно денеска се изјасниле само 13,7 отсто од оние кои го оствариле своето право на глас на изборите пред неполни две години.
На гласањето во саботата е забележан слаб одѕив кај оние избирачи коишто денеска имаа можност да го остварат своето право на глас на референдумот. Слаба излезеност имаше и кај македонската дијаспора, но и кај затворениците и болните и изнемоштени граѓани.
Најголема е разликата кај дијаспората – 17.200 граѓани гласале на изборите, но денеска не се појавиле на избирачките места. Кај болните и изнемоштени лица разликата е околу 6500 гласа.
Во 2016 година: Болни и изнемоштени 8.000, Дијаспора: 20.000 и Затвореници: 2.000. Вкупно пријавени за гласање 30.000 од кои своето право на глас го искористиле 22.000
Во 2018 година: Болни и изнемоштени 1.500, Дијаспора: 2.800, Затвореници: 1.700. Вкупно пријавени за гласање 5.500 од кои своето право на глас го искористиле околу 3.000.