
Жаир Болсонаро, крајно десниот кандидат кој води во анектите во пресрет на бразилските претседателски избори, во саботата е отпуштен од билница откако минатиот месец беше нападнат со нож, објави ресуросот Globo.
Поранешниот офицер во копнените војски на бразилската армија замина во саботата во својот дом во Рио де Жанеиро. Засега уште не е познато дали 63-годишниот Жаир Болсонаро ќе биде подготвен за кампањата во последната седмица пред изборите на 7-ти октомври. Тој беше прободен со нож на предизборен собир на југот од земјата на почетокот од септември.
Познат како „бразилскиот Доналд Трамп“, овој десничарски кандидат најверојатно ќе ги искористи негативните чувства и кај Бразилците кон владејачките елити, на сличен начин како што американскиот републиканец победи во САД, и како што крајната десница влезе во владејачките структури во некои од земјите членки на Европската унија.
Медиумите го споредуваат со Трамп и по некои наводни негови контроверзни изјави за жените. Болсонаро себеси се претставува како борец против криминалот и вети дека доколку победи на соодветните министерски места ќе постави личности од војската.
На чело на анкетите дојде откако судот ја забрани кандидатурата на поранешниот левичарски претседател Луис Инасио Лула да Силва. Лула се искачи на општественото скалило од чистач на чевли и уличен продавач до најпопуларниот политичар во историјата на Бразил, беше претседател од 2003 до 2010 година а во април беше осуден на 12 години и еден месец затвор за корупција и перење пари.