Полска против Бразил ја одбрани светската титула

Одбојкарите на Полска ја одбранија титулата светски шампион поразувајќи ги Бразилците во финалето на мундијалот во Торино со 3:0 во сетови (28:26, 25:20, 25:23).

Полјаците веднаш покажаа дека се многу повеќе мотивирани да победат отколку Бразилците, кои се актуелни олимписки шампиони. Одбојкарите на Полска постојано водеа од почетокот на сетот, но Бразилците успеаја да се вратат во последните моменти и да се изборат да играат на разлика. Но светските шампиони ја искористија четврттата сет топка за 28:26.

Полјаците продолжија во исто темпо и се им одеше од рака, па Бразилците, кои иако играа одлично. нема никакви шанси и вториот сет го загубија со 25:20.

Во третиот сет ништо не се промени значително, освен што Полјаците имаа поубедливо водство. Тие имаа и шест поени разлика, но олимписките шампиони успеаја да се вратат и да донесат неизвесност во финишот. Сепак, Полска го имаше Бартош Курек, најефикасен играч на натпреварот, кој со својот 24 поен и донесе злато на својата селекција.

Кај Бразил најефикасен беше Валас со 14 поени.

Претходно во натпреварот за третото место САД ја победи Србија со 3:1.