
Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се нервозни, бидејќи и покрај бојкотот што го заговараше раководството на партијата, пратеници и членови на ВМРО ДПМНЕ излегуваат на референдум и гласаат.
Лажните вести пласирани од опозициската партија не се ништо друго освен панична реакција на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што и покрај бојкотот што го диригира Христијан Мицкоски и дел од негови приврзаници, се повеќе претставници и членови на партијата го игнорираат, излегуваат и го корситат своето демократско право да одлучуваат за иднината, тврди владејачката СДСМ.
„Лажните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ се официјално демантирани и од Државната изборна комисија, којашто потврди дека референдумот се спроведува слободно и демократски. По деценија злоупотреби на институциите, по деценија притисоци, уцени и закани врз граѓаните и погазување на нивните права, ВМРО-ДПМНЕ, не знае што е фер, демократско и слободно изјасување во фер и демократски услови. Граѓаните на денешниот референдум гласаат слободно, без притисоци и без закани, во слободна и демократска атмосфера.“, велат социјалдеморкатите