
Фудбалерите на Сасуоло, кои одлично ја започнаа сезоната, в неделата во рамките на седмото коло од италијанското првенство на домашен терен беа совладани со 1:4.
Стрелци за Милан беа Франк Касие во 39, Сасу во 50 и петтата минута од судиското продолжение и Само Кастеехо во 60 минута, додека за Сасуоло стрелец беше Филип Ѓуричиќ во 68 минута.
Со победата Милан го поправи лошиот старт и се искачи на 10-то место со девет бодово, додека Сасуоло е петти со 13 бодови.
Фросиноне на својот терен беше поразен од Џенова со 1:2. Пенал реализираше Камиљо Чиано во 41 минута, но на крајот тоа беше само утешен погодог за Фросиноне. Двоен стрелец за Џенова, беше кшиштоф Пјатек во 33 и 36 минута.
Добрата форма Фиорентина ја потврди со домашната победа над Аталанта со 2:0, со головите на Џордан Вертут во 62 минута од пенал и Кристиано Бираги во четвртата минута од судиското продолжение.
Фудбалерите на Болоња со пресврт дојдоа до победата над Удинезе кој пред со своите навивачи го совладаа 2:1 (1:1) во првиот дуел од седмото коло. Гостите поведоа во 32 минута со голот на Пусет, но по десет минути израмни Сантандер, а победата на домашните им ја донесе Орсолини во 82 минута.
На табелата со максимален 21 бод, а го следи Наполи со 15 кој во саботата беше совладан во дербито на врвот, а следат Фиорентина и интер со 13 бодови.