
Македонскиот премиер Зоран Заев изјави во неделата по гласањето на советодавниот референдум за договорот со Грција за промена на името, дека е убеден оти големо мнозинство граѓани ќе ја поддржат промената на уставното име на земјата, што ќе ѝ овозможело пристапување кон НАТО и Европската унија.
„Верувам дека огромно мнозинство ќе го поддржи ова, бидејќи повеќе од 80 отсто од нашите граѓани се за Европската унија и за НАТО“, рече Заев за новинарите во Струмица по гласањето, пренесуваат светските агенции.
Премиерот ги повика граѓаните „во што поголем број“ да излезат на референдумот.