
На вчерашниот референдум гласале вкупно 666.743 или 36,91% одѕив. Од нив „за“ гласале 91,46% или 609.813, додека против гласале 37.700, односно 5,65%.
Овие податоци што ги објави Државната изборна комисија на својата денешна прес-конференција ги вклучуваат и гласовите од дијаспората.
Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски, изјави дека одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината запишани во Избирачкиот список.
Извештајот со резултатите од гласањето најдоцна 15 дена од денот на нивно објавување ќе биде објавен во „Службен весник“ и иститот ќе биде испратен и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, додаде претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски.