Добитникот на Нобелова награда за литература виновен за силување

Нобеловата награда за литература нема да биде доделена годинава бидејќи телото што ја доделува е зафатено од скандал за сексуално злоставување.

Шведски суд денеска го прогласи Жан-Клод Арно, човекот во центарот на секс скандалот, за виновен за силување во 2011 година.

Адвокатот на Арно, Бјорн Хуртиг, рече дека ќе поднесат жалба на пресудата во случајот што според нив е класичен „лов на вештерки“.

Обвиненијата против Арно (72) потекнуваат од скандалот што сериозно ја оштети репутацијата на Шведската академија што ја доделува Нобеловата награда за литература и поттикна низа разврски и борби за превласт во институцијата.

Францускиот фотограф Арно во Шведска долго време се сметаше за човек кој може да создаде и да уништи нечија кариера во областа на уметноста. Тој и неговата сопруга, членка на Шведската академија, беа сопственици на Forum, популарен културен центар што добиваше поддршка од Академијата.

Со ваков старт почна сезоната на доделувања на Нобеловите награди за 2018 година.

Џејмс Алисон и Тасуку Хонџо се добитници на Нобеловата награда за медицина за 2018 година за нивните откритија што направија пресврт во лечењето на рак, соопшти денеска институцијата што ја доделува наградата.

Алисон и Хонџо покажаа како разните стратегии за инхибирање на кочниците во нашиот имунолошки систем може да се користат при лечењето на карцином“, стои во соопштението од шведскиот институт Каролинска за наградата вредна 9 милиони шведски куни (околу 1 милион долари).

Наградата за медицина се доделува прва во низата Нобелови награди што се доделуваат секоја година.

Наградите за достигнувања во науката, литературата и мирот се доделуваат во согласност со насоките што ги оставил шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел, а се доделуваат од 1901 година.