Овен
Кариера и пари:
Марс, заедно со Јупитер и Уран, ќе формираат тројство во огнените знаци, а тоа ќе ви донесе енергија и ентузијазам за работа. Ќе имате големи планови, полни со оригиналност. Внимавајте на новите договори и соработки, бидејќи колку што можат да ви донесат заработка, толку можат да ви донесат и загуба.
Здравје:
Меркур, ќе влезе во вашата куќа на болести, што значи дека овој период треба да посветите големо внимание на вашето здравје. Ќе се соочите со голем стрес, а таквите ситуации можат да влијаат многу на вашето здравје.
Љубов:
До 23-ти октомвти, во вашата куќа на љубовта ќе престојува Сонцето, кое ќе ви донесе нова љубовна енергија, заедно со Венера. Под ова двојно влијание ќе ви се случуваат многу неочекувани среќни моменти во љубовта, а оние кои се долго во врска имаат можност и за брак. Бидете подготвени за нови предизвици, или за некои стари кои ќе се активираат повторно.
Совет: Обидете се да ги конторлирате вашите емоции.
Бик
Кариера и пари:
Овој месец ќе ви биде одбележан со повеќе необични настани. Најпрво, Сонцето ќе премине низ вашата куќа на кариера, потоа ретроградното движење на Меркур и затемнувањето на месечината. Сите овие настани наговестуваат на необичен развој на настаните. Октомври ќе ви биде активен месец на финансико ниво.
Здравје:
Оските на вашето здравје ќе бидат вознемирени од страна на две опозиции: Сонцето – Уран и Венера – Уран. А исто така, на 8-ми октомври, кога ќе биде затемнувањето на месечината, можно е да ви се случат некои компликации во врска со вашата здравствена состојба.
Љубов:
Не очекувајте дека октомври ќе биде месец во кој сѐ ќе оди според планот! Марс, водачот на вашата куќа на парови, има големи планови: може да донесе нешто ново во вашиот љубовен живот. Меркур ретроградно ќе се движи во вашата куќа на парови во вториот дел на октомври, затоа во тој период може да ви се врати некоја љубов од минатото. Доколку сте во врска, очекувајте специјални моменти со партнерот кон крајот на месецот.
Совет: Организирајте ја внимателно вашата работа и редовно извршувајте ги вашите обврски.
Близнаци
Кариера и пари:
Овој месец, професионалниот успех ќе биде стимулиран од партнерства и проекти, но ќе биде проследен со многу ривалства. Ќе имате многу идеи за интересни проекти, а ќе запознаете и нови луѓе. Меркур ретрограно ќе помине низ вашата куќа на равота, а тоа може да донесе мали недоразбирања во првата недела од октомври,
Здравје:
Меркур, вашиот водач, ретроградно че помине низ вашата куќа на болести, каде затемнувањето на Сонцето, на 23-ти октомви исто така има голема улога. Ќе треба да посветите многу внимание на вашето здравје, ако сакате здравствената состојба да ви биде како и минатиот месец.
Љубов:
Марс, планетата на енергијата и страста, ќе премине во вашата куќа на љубовта. Тоа ќе ве направи позадоволни од вашиот љубовен живот. Марс исто така ќе биде поддржана и од Венерта, Јупитер и Уран, што значи дека сето ова ќе ве направи попозитивни и посреќни. Очекувајте да ја запознаете вашата наредна голема љубов токму овој месец.
Совет: Не преоптеретувајте се со случки од минатото.
Рак
Кариера и пари:
Подгответе се, бидејќи октомви ќе ви донесе многу предност на професионално поле. Големото тројство во огнените знаци, формирано од Марс, Јупитер и Уран ќе го зајакнат вашиот ентузијазам и желба за работа. Присуството на Марс во вашата куќа на работа едноставно нема да ви остави простор за одмор.
Здравје:
Ова ќе биде месец во кој важните одлуки кои ќе ги донесете ќе влијаат многу на вашето здравје. Исто така, октомври ќе биде одличен месец за вежбање и рекреација.
Љубов:
Октомври ќе ви ја зголеми потребата за приватност, топлина и нежност. Ова ќе биде еден месец во кој ќе уживате во вашиот мирен живот и во вашиот дом. Можно е да бидете преокупирани со редекорација на домот, па затоа да немате многу време за партнерот, во веќе во последната недела од октомври, работите повторно ќе се вратат на своето место. Последните денови од октомври ќе ги паметите по зголемената желба за страст, задоволство и еротика.
Совет: Бидете подготвени за промени во вашата кариера.
Лав
Кариера и пари:
Големото тројство, формирано од Јупитер, Уран и Марс ќе ве поттикне овој месец да продолжите со уште поголем успех на професионално поле. Важно е во сите проекти во кои ќе учествувате, да се држите што подалеку од ризици.
Здравје:
Овој месец ќе бидете во одлична форма. Низ цел октомври ќе зрачите со виталнот и со позитивна енергија, а заморот воопшто и нема да го почувствувате. Чувајте се што подалеку од вирусот кој ќе нападне на почетокот на октомври.
Љубов:
Октомври заедно со себе носи сензуалност и авантура. Кога Јупитер заедно со Марс ќе бидат лоцирани во вашата куќа на еротиката, страста ќе излезе на виделина. Овој период ќе сакате кратки авантури со нови луѓе, со кои го делите мислењето.
Совет: Почесто кажувајте го она што го мислите.
Девица
Кариера и пари:
Ве очекува интересен момент проследен со многу настани. Марс и Јупитер, планетите на акција и иницијатива, ќе ви донесат неколку добри зделки. Но, најважно е да бидете внимателни во врска со новите проекти, бидејќи Меркур ќе биде во ретроградно движење од вашата куќа на кариера, а тоа може да ви донесе мал неуспех.
Здравје:
Ќе се чувствувате истоштени, затоа не трошете премногу енергија. Обидете се добро да се организирате, физичките активности се добредојдени, но, потрудете се што повеќе да ја задржите вашата енергија.
Љубов:
За разлика од минатиот, октомври ќе биде мирен месец кога станува збор за вашиот љубовен живот. Се чини дека повеќе ќе бидете посветени на кариерата и другите аспекти од животот, отколку на љубовта. Некои од вас може да почувствуваат дека партнерот не им посветува доволно внимание. Доколку не сте вро врска, ова е месец во кој не треба да ја промените вашата состојба, бидејќи можете да пропуштите многу шанси кои ве очекуваат во периодот што следува.
Совет: Бидете сконцентрирани на работното место.
Вага
Кариера и пари:
Октомври ќе биде месец полн со обврски и контакти кои ќе ве одржуваат активни. Марс, заедно со Јупитер и Уран ќе ве поттикне да започнете со работа во тим, а тоа ќе ви донесе задоволство, но и многу замор. Не очекувајте работите да бидат секогаш како што сте испланирале! Затемнувањата (на сонцето и месечината) наговестуваат необични настани од финансиски аспект.
Здравје:
Нема да имате отсуство на енергија, но ќе ви недостига хармонија, а тоа може да му наштети на психолошкот механизам. Внимавајте на проблемите со аритмија, иритација и инсомнија. Препорачливо е да се сконцентитрате на она што е важно и да се релаксирате што почесто.
Љубов:
Неочекуваните пресврти можат секогаш да се случат, а токму тоа ќе биде главното случување во октомври. Венера, планетата на љубовта, ќе биде во вашиот знак поттикнувајќи ги вашите потреби за љубов и внимание. Затемнувањето на месечината, кое ќе се случи кога месечината ќе биде во вашата куќа на парови, може да ви донесе многу промени. Затоа, не чудете се доколку новиот партнер – е токму оној стариот.
Совет: Бидете смирени и донесувајте ги одлуките со ладна глава.
Скорпија
Кариера и пари:
Октомври ќе биде неверојатен месец од професионално гледиште. Јупитер и Уран ќе бидат во вашиот знак, а заедно Марс, кој ќе биде во вашата куќа на пари, ќе формираат огнена тројка која конечно ќе ви донесе успех од професионален и финансиски аспект.
Здравје:
Затемнувањето на месечината ќе се случи токму кога таа ќе биде во вашата куќа на болести, а тоа значи дека не треба да се шегувате со вашето здравје. Доколку забележите нешто необично, ви се препорачува веднаш да посетите доктор.
Љубов:
Веројатно сте имале многу посреќни периоди од овој – и најверојатно повторно ќе имате. За сега, октомври не верува многу среќа на љубовно ниво. Венера, планетата на љубовра, нема да биде овој месец многу дарежлива. Лоцирана во 12-тата куќа, прогнозира самотија, двоумење, неактивност. Вечерта на 23-ти октомври, ќе се случи необичен феномен: Затемнувањето на сонцето ќе биде во вашиот знак, со тесна поврзаност со Венера, која штотуку ќе пристигне во Скорпија. Токму овој настан ветува возбудлив крај на месецот, одбележан со страст, импулсивност и изненадувања.
Совет: Следете ги своите амбиции.
Стрелец
Кариера и пари:
Време е за акција! Марс ќе бидево вашиот знак, кој ќе ви донесе повеќе динамичност и иницијатива. Овој месец ќе почувствувате зголемена енергија за извршување на обврските. Откако Марс ќе формира тројство со Јупитер, вашиот водач, и со Уран, бидете подготвени за многу успеси во кариерата. Финансиски, не ви се препорачува да ризикувате.
Здравје:
Со Марс во вашиот знак, вие ќе бидете во одлична форма, полни со сила. Препорачливо е да во последната недела од октомври да пазите на здравјето, можеби е време за крвна слика.
Љубов:
Меркур, водачот на вашата куќа на парови, ќе се движи ретроградно од вашиот знак, а тоа значи дека работите воопшто нема да бидат лесни. Овој месец можно е да се фокусирате на работи кои се случиле во минатото, а за кои сте се двоумеле дали правилно сте постапиле. За многу кратко време можете повторно да западнете во романса со поранешниот партнер.
Совет: Делувајте стратегиски и смирено.
Јарец
Кариера и пари:
Вашата кариера овој месец ќе биде одбележана со важни настани од професионален аспект. Тоа ќе биде затоа што Венера, водачот на вашата куќа на кариера, ќе биде поврзана со затемнувањето на сонцето и на месечината. Овој месец, парите ќе го најдат патот до вас.
Здравје:
Постојат многу стресни ситуации кои ќе влијаат на вашето здравје. Марс ќе ве изложи на послаб имунитет, а Меркур, пак, ќе биде во ретроградно движење од вашиот знак.
Љубов:
Положбата на Венера, планетата на љубовта, ќе биде во највисоката позиција од хороскопот, а со тоа максимално ќе можете да го покажете вашиот шарм. Исто така, можно е да бидете заведени од луѓе кои имаат добар имиџ, моќ и престиж. Од друга страна, затемнувањето на месечината прогнозира необични настани кои ќе направат промени во вашата љубовна врска.
Совет: Не се потпирајте премногу на другите.
Водолија
Кариера и пари:
Марс, водачот на вашата куќа на кариерата, ќе биде во среќна куќа која ќе формира огнено тројство заедно со Јупитер и Уран. Оваа комбинација ќе ви донесе многу енергија на работното место и успех во некои нови договори. Октомври ви ветува доста добра сума на пари.
Здравје:
Ќе бидете во одлична физичка форма во текот на целиот месец. Бидете посебно внимателни кога патувате! Затемнувањето на месечината може да ви донесе потенцијален ризик и несреќи.
Љубов:
Овој месец многу ќе се социјализирате и ќе запознаете нови луѓе, а со тоа ќе запознаете нови луѓе. Некои од вас ќе поминат низ динамичен период, во кој ќе имаат караници со партнерот. Доколку не сте во врска, и барате сродна душа, овој месец ќе имате можност да запознаете некој со кој го делите истото мислење. Што се однесува до сексуалното ниво, можно е да бидете во дилема и да барате некои одговори од минатото.
Совет: Не кажувајте работи за кои подоцна можете да се покаете!
Риби
Кариера и пари:
Планетата Марс ќе биде во вашата куќа на кариера, а тоа ќе донесе хармонични моменти. Ова ќе биде еден активен и амбициозен месец кога станува збор за професионалното поле. Вашите проекти и вашиот труд ќе бидат наградени. Затемнувањето на месечината може да ви донесе неколку шанси за унапредување.
Здравје:
Вашиот капацитет за равота ќе биде доста подобрен за разлика од минатиот месец. Како и да е, физичката состојба нема да ви биде најдобра. Посетете лекар.
Љубов:
Меркур, водачот на вашата куќа на парови, ќе започне со ретроградно движење на 4-ти октомври, на 10-ти октомври ќе влесе во вашата 11-та куќа, каде ќе биде и Венера, планетата на љубовта. Можно е да се соочите со некакви неволи со некој од минатото. Доколку не сте во врска, потрудете се да го промените тоа, бидејќи не треба секогаш да чекате личноста од спротивниот пол да го повлече првиот чекор.
Совет: Трошете ги парите рационално.