Почина великанот на музичката сцена Шарл Азнавур

Великанот на француската и на светската музичка сцена, Шарл Азнавур, роден со името Шанхур Варинаг Азнавуриан, почина во понеделникот на возраст од 94 години во својот дом во Алпил, објавија француските медиуми.

Вистинскиот амбасадор на француската култура штотуку се врати од турнејата по Јапонија, а ова лето беше присилен да откаже неколку концерти, бидејќи при пад ја скрши раката.

Азнавур, кој е од ерменско потекло, е роден во Париз и растел на левиот брег од Сена. И неговиот татко пеел, но семејството го издржувал како кулинар и шеф на сала во рестораните, а мајка му била актерка.

Во кариертата долга над 70 години, продал повеќе од 100 милиони плочи во 94 земји ширум светот. Снимил 1.200 песни, неговата музика е користена во повеќе од 80 филмови, а пееше на седум јазици. Неговите песни ги изведуваат ѕвездите како Боб Дилан, Елвис Костело, Пласидо Доминго, а CNN совевремено го прогласи за „забавувач на векот“.

На почетокот често му ја споменувале кревката телесна конституција и му прорекувале музичко фијаско, но тоа не му пречеше благодарејќи на талентот и специфичната боја на гласот да настапува на најпрестижните сцени на светот.

И Азнавур, како и многубројни други француски пејачи, прва го открила легендарната Едит Пјаф. Со текот на годините станува извонреден поет и текстописец. Првите песни ги напишал уште во 1941 година во соработка со Пјер Роше, а во 1946 година Пјаф го ангажирала за нејзината турнеја. Веќе во 1947 година добил Гран при дела шансон за песната „J’ai bu“.

Ја придружувал Пјаф на нејзината турнеја по Америка и речиси венаш ја освоил американската публика кога го споредува со Френк Синатра. Во 1953 гоина доживува триумф на турнејата по Мароко. Следат во 1954 година настапите во престижните париски „Олимпија“ и „Мулен руж“, а во 1955-та станува прата планетарно популарна ѕвезда. Потоа неговите слава и популарност се во постојан подем, а откако во 1966 продава повеќе од милион примероци од плочата со песната „La Mamma“ повеќе не се симнува од листата на најпопуларните.

„Не сум стар, туку сум зашол во некои гоини, а тоа не е исто“, често се шегуваше на својата сметка виталниот Азнавур.

Соработуваше и со големите француски режисери, како Франсоа Трифо, Вокер Шлондорф и Клод Шаброл.

Творештвото на Анзавур е овенчано со Златен лав на меѓунаордниот филмски фестивал во енеија во 1971 годона, со највисоката француска филмска маграда Сезар во 1997-та, и со почесната награда на филмскиот фестивал во Кан во 2006 гоа . На 93-годинашна возраст Азнавуд ја доби и ѕвездата на Алејата на великаните во Холивуд.

Славниот Французин од ерменско потекло беше ангажиран и во борбата за признавање на геноцидниот карактер на масакрот над Ерменците за време на Осмалинското царство во 1915 година, а од 2008 гона ја извршуваше должноста на амбасадор за образование, наука и култура при Обединетите нации – Унеско за Ерменија.